Висла ги отвори портите, но Вујо отиде дома да размислува

Екипата од Плоцк и понатаму прави напори за да го донесе Веселин Вујовиќ за тренер и да се обиде да му направи проблеми на Келце во првенството на Полска. Во Висла Плоцк се сериозни за следната сезона, но уште немаат тренер кој ќе го води тимот по нови успеси.

Според информациите во полските медиуми, Вујовиќ побарал неколку дена одмор. Побарал да има мир за да може да одлучи што е најдобро за него за во иднина.

Затоа, во Висла Плоцк засега ги имаат широко отворено портите и го чекаат тренерот за кој уште пред повеќе од една недела беше најавено дека е најсериозен кандидат за да го добие лидерското место во екипата.

Од друга страна, има и информација дека не се работи за разгледување на други понуди туку едноставно само за одморање после напорната сезона и за размислување што ќе биде најдобро во новиот шампионат.