Викендов на терените низ Македонија: Голем избор на натпревари од четири лиги

Откако минатиот викенд стартуваше новата сезона во Женската лига викендов почнуваат битките и во машките лиги, па бројката на средби низ Македонија се зголемува.

Вообичаено ви носиме преглед на настаните односно на натпреварите кои ќе бидат одиграни низ Македонија, а ќе има доста дуели така што ќе можете да одберете каде сакате да присуствувате и да погледнете добар и интересен ракомет.

За викендов изборот е од четири лиги. Тука се средбите од 1. коло во Супер машката лига, како и од двете први лиги. Покрај тоа има и средби од 2. коло во Женската лига што практично значи дека ќе имате голем број на средби кои почнуваат од денеска во 12 часот во Автокоманда.

Средби има во повеќе градови, а на вас е да одлучите што сакате да погледнете.

ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА

САБОТА, 15 СЕПТЕМВРИ

12:00ч

МЕТАЛУРГ – ДЕСПИНА (Женска лига)

15:00ч

РАБОТНИЧКИ – ПАРТИЗАН (Прва машка лига – група 1)

18:00ч

ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ (Супер машка лига)

18:30ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР (Женска лига)

19:00ч

БОРЕЦ – СТРУГА (Супер машка лига)

19:30ч

СПАРТАК – ЦЕМС (Женска лига)

НЕДЕЛА, 16 СЕПТЕМВРИ

12:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП (Супер машка лига)

ЦЕМС – ПРЕСПА (Прва машка лига – група 1)

МЕТАЛУРГ 2 – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ (Прва машка лига – група 1)

14:00ч

СТРУЖАНКА – ПЕЛИСТЕР (Женска лига)

18:00ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО (Прва машка лига – група 2)

18:30ч

МАКЕДОНИЈА ЃП – АСТРАИОН (Прва машка лига – група 2)

19:00ч

ГРК ТИКВЕШ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (Прва машка лига – група 1)

19:30ч

ПРОЛЕТ – ОХРИД (Супер машка лига).