Викендов на терените низ Македонија: Богата понуда на домашен ракомет

На терените низ Македонија викендов нема натпревари од меѓународната сцена. Следуваат само средби од домашните шампионати во четирите различни конкуренции, па ќе може да се бира меѓу нив доколку се сака посета на некоја од средбите.

Има неколку интересни дуели, а дербито е в недела од 19:30 часот во Скопје меѓу тимовите на Бутел Скопје и Еурофарм Работник. Овој дуел ќе го затвори 5. коло од Супер машката лига и сосема извесно е дека ќе донесе интересен ракомет.

И утре ќе има интересен дуел кога Вардар јуниор го пречекува тимот на Пелистер, но има уште неколку натпревари кои вреди да се погледнат и во Првата машка лига и во двете групи, како и во Женската лига.

ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА

САБОТА, 13.10.2018

11:00ч

СПАРТАК – МЕТАЛУРГ (Женска лига)

13:00ч

ЦЕМС 2018 – ВАРДАР (Женска лига)

13:30ч

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – ТЕКСТИЛЕЦ (Прва машка лига, Група 2)

КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (Женска лига)

17:00ч

ГРК ТИКВЕШ 2014 – РАБОТНИЧКИ (Прва машка лига, Група 1)

18:00ч

ВАРДАР ЈУНИОР – ПЕЛИСТЕР (Супер машка лига)

СТРУГА – ПРИЛЕП (Супер машка лига)

19:00ч

РАДОВИШ – ОХРИД 2013 (Супер машка лига)

19:30ч

ГЕВГЕЛИЈА – СТРУЖАНКА (Женска лига)

НЕДЕЛА, 14.10.2018

13:30ч

АЕРОДРОМ – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ (Прва машка лига, Група 1)

17:15ч

РИНИА М – МРК КУМАНОВО (Прва машка лига, Група 2)

18:00ч

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – МЕТАЛУРГ 2 (Прва машка лига, Група 1)

18:30ч

ПЕЛИСТЕР 2012 – ДЕСПИНА (Женска лига)

19:00ч

АСТРАИОН – МЛАДОСТ 09 (Прва машка лига, Група 2)

19:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК (Супер машка лига)

ПРЕСПА 2015 – ПАРТИЗАН (Прва машка лига, Група 1)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР НЕГОТИНО (Прва машка лига, Група 2)