Вид Кавтичник: Го загубивме првенството, но заслужено победивме во Келн (ВИДЕО)

Еден од најискусните ракометари во редовите на Монпелје, Вид Кавтичник беше еден од играчите кои веќе освојувале титули во ЛШ. Ова му е нова круна и после средбата со Нант нормално беше презадоволен од постигнатото со неговите колеги.

Искусниот Словенец изјави дека пред почетокот на сезоната никој не се надевал дека ќе стигнат толку далеку, но како одминувало времето биле сè подобри.

„Откако ја почнавме сезоната не знаевме каде сме. Имавме многу млади ракометари. Добро игравме во првенството и во Лигата на шампионите. Загубивме во шампионатот од Ст. Рафаел, а сега ја освоивме Лигата на шампионите. Денешниот дуел и оној против Вардар беа сосема две различни средби. Вардар е неверојатно силен тим кој ни истроши многу енергија особено во дуелите 1 на 1. Денеска трчавме многу повеќе. Ја составивме одбраната и мислам дека заслужено дојдовме до победата во ова финале“, изјави Вид Кавтичник.

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.