(ВИДЕО) Голужа со психолошки притисок: Вардар е фаворит, ние имаме други приоритети

Новиот тренер на ППД Загреб, Славко Голужа ќе има тешка задача во својот прв официјален дуел откако се врати на кормилото на хрватскиот шампион да му се спротивстави на македонскиот првак Вардар. Во полуфиналето на регионалното натпреварување, во петок, Голужа најавува дека проблемите кои ги има Загреб во моментот се приоритет за него, а полуфиналето нема да претставува императив.

Им честитам на сите што се тука на завршницата на СЕХА. Сакам да одиграме добар турнир, но имаме свои проблеми и немаме императив победа. Само да одиграме добар натпревар.- истакна Голужа.

Својот став го повтори и во изјавата за 24Ракомет ТВ, а можете да ја погледнете во продолжение.

Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб е закажан за петок со почеток од 18:30 минути по локално време или 17:30 по македонско.