Веќе е официјално: Лакрабер потпиша две години за Флери

Десниот бек на вардарки, Александра Лакрабер дефинитивного напушта таборот на шампионот на Македонија на крајот од оваа сезона. Таа се враќа во својата земја, а нејзиниот клуб ќе биде Флери.

Оваа вест беше позната уште претходно, но сега е официјална бидејќи Лакрабер веќе потпиша договор со тимот на Флери кој ќе биде со траење од две години.

Лакрабер потврди дека во моментов е концентрирана на своите игри во Вардар и дека посакува на круната од Светското првенство да додаде трофеј и од Лигата на шампионите со што ќе може како шампион да ги напушти редовите на Вардар.

Во Флери, пак, се радуваат на нејзиното доаѓање бидејќи со неа добиваат на искуство за следната сезона.