Вецлар и Миркуловски со нови бодови и победа над Гумерзбах

Филип Миркуловски покажа дека може да го следи капитенот Кире Лазаров со прецизноста на натпреварите, а во новата победа на Вецлар тој успеа да запише два гола од два шута.

300x250

Миркуловски имаше добра партија на мечот против Гумерзбах, а тој и колегите го добија овој дуел со резултат 30:25. Вецлар имаше одлична средба во која беше во предност постојано. После 17:14 на полувреме во продолжение немаше никаков проблем за да може да се зголемува предноста и да се дојде до победа од пет гола.

Покрај тоа Миркуловски имаше и две асистенции, па и ова е убав податок за еден од играчите од кои се очекува многу во организацијата на нападот на репрезентацијата на Македонија на ЕП.

Со овие бодови, Вецлар се најде на 10. позиција и сега има 16 поени. Со нив се чувствува сигурно на средина на табелата во Бундес лигата.