Вецлар загуби од Минден, Миркуловски двапати асистираше

Филип Миркуловски немаше погодоци на дуелот против Минден на кој Вецлар како гост претрпе пораз од 24:26. Тој имаше две асистенции, но не успеа да помогне многу за да се избегне пораз со кој екипата на Вецлар се најде на 10. место.

300x250

После овој загубен дуел тимот на Вецлар остана на 16 поени, па во продолжението од сезоната ќе има тешка задача за да успее да се искачи во горниот дел од табелата во Бундес лигата.

Инаку, Миркуловски е вториот македонски ракометар од Германија кој треба да се приклучи на подготовките на репрезентацијата, а заедно со Талески се очекува да го комплетираат тимот и Гонзалес да може да смета на сите играчи во крајот на подготовките.