Веспрем со победа се загреа за Вардар, но без Штербик на голот

Екипата на Веспрем в сабота гостува во Скопје во меч од Лигата на шампионите, а сосема извесно е дека на овој дуел ќе има голема неизвесност за разлика од денешниот дуел на кој ракометарите на вицешампионот на Унгарија забележа висока победа од 36:17 против Будакалаш.

Веспрем беше во постојана предност и не дозволи ништо непредвидено во ниту еден момент. Сите желби за подобар резултат ги снема многу рано особено што во првиот дел постигнаа само седум гола. Ракометарите на Веспрем и во првото и во второто полувреме реализираа по 18 пати така што имаа еднакво ниво на игра.

На овој дуел тренерот Давид Дејвис одлучи да го одмори поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик и да го зачува за натпреварот во сабота. Дејан Манасков, пак, одигра добра средба и успеа да постигне пет гола. Исто толку погодоци има и Словенците во редовите на Веспрем, Благотиншек, Маргуц и Мацковшек.