Веспрем се ослободува од вишокот – го испрати Акамбре во Целје

По заминувањето на Љубомир Врањеш од тренерската позиција во унгарскиот великан Веспрем, раководството реши да направи и други промени, овојпат во играчкиот кадар.

Левиот бек од Франција, Вилијам Акамбре, до крајот на сезоната ќе биде дел од словенечкиот првак Целје Пивоварна Лашко на позајмица. Тој дојде во унгарскиот тим лани, но имаше проблеми со повреди и не успеа да се наметне.

Пред него Врањеш ги форсираше Борут Мачковшек и Момир Илиќ на таа позиција, а тука е уште и Иман Џамали, кој сепак ќе остане во Веспрем и ќе се бори за минутажа во остатокот од сезоната.

Акамбре во Целје ќе игра во дуо со Драшко Ненадиќ на лев бек, а во Лигата на шампионите ќе има од шестото коло. Во меѓувреме Целје ќе гостува во Унгарија кај ПИК Сегед и ќе се обиде да направи ново изненадување во најелитната конкуренција откако претходно го победи Флензбург.