Веспрем мисли на иднината: Замената за Момир Илиќ ја најде во Полска

Романскиот лев бек Дан Емил Ракотеа, кој во моментов настапува за полскиот вицепрвак Висла Плоцк, од јули 2019 година ќе стане ракометар на Веспрем. Тој дојде во Плоцк од ЧМ Букурешт и остави одличен впечаток постигнувајќи 336 голови за три сезони.

Неговиот договор истекува во јули 2019 и нема да биде продолжен, па без проблем ќе може да се пресели во унгарскиот првак. Најверојатно доаѓа како замена за Србинот Момир Илиќ, кој има договорна обврска со Веспрем токму до 2019, но не е исклучена можноста, тогаш да си одат Акамбре или Џамали.

Висла Плоцк ја очекуваат големи промени. На лето доаѓа Жига Млакар, а заминуваат Матеуш Пиечовски, Марцин Вихари, Шиме Ивиќ, Хозе Гиљерме де Толедо и Валентина Јонеа, најверојатно и Игор Жабиќ.