Веселин Вујовиќ: Вардар и годинава ќе има важна улога во СЕХА и во ЛШ

Поразот од Вардар во 2. коло од СЕХА лигата беше очекуван за тимот на Железничар, па и после мечот на пресот, Вујовиќ во својот коментар го објасни она што се случуваше на теренот.

Вардарци беа убедливи со 35:20, па на крајот се радуваа. Во Железничар, пак, со мислите се повеќе кон дуелот од Купот на ЕХФ против Кјеринг каде ќе мора да надоместуваат.

„Нема што многу да се зборува. Се трудевме да одиграме добар натпревар за да се стабилизраме психолошки. Имаме многу млади играчи за кои ова е ново искуство. Им честитам на ракометарите на Вардар за победата. Секој има свои цели и свои грижи и се соочува со нив. Се надевам дека Вардар и годинава ќе има важна улога и во СЕХА и во Лигата на шампионите и дека ќе може да повтори дел од минатогодишните успеси“, коментираше Вујовиќ на пресот после средбата.

Ова беше втор пораз за Железничар, но јасно е дека клубот својата главна цел ја има напролет кога ќе се обиде да стане шампион на Србија и овие игри се добредојдени за кревање на формата и за добивање на посакуваното.