Веселин Вујовиќ: Ако јас не ги знам правилата тогаш подобро е да сум рудар

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ после средбата против Македонија и поразот од 24:25 имаше интересна изјава на прес-конференцијата.

Тој нема замерки за ракометарите, но затоа искажа критики кон судиите од коишто никако не е задоволен за она што го направиле за време на средбата.

Вујо најде замерки за одлуките и кон Словенија и кон Македонија.

„Јас им честитам на играчите на Македонија за победата. Немам замерка на ракометарите на Македонија и на моите играчи. Имам замерка лично до мене. Јас признавам дека после 45 години во ракометот не ги знам ракометните правила. Сфатив дека оваа игра не се играчите и за публиката туку за господата коишто одлучуваат што, кога и каде. Во 90 проценти од ситуациите не знаев што отсудија многу и на страната на Македонија и на страната на Словенија. Доколку луѓето од ЕХФ и оние коишто одлучуваат го оценат ова судење добро тогаш мислам дека ми е паметно и да се преориентирам на други работи. Мислам да се занимавам со рударство или со некоја друга работа која е полесна од оваа. И честитам на екипата за победа и знам колку значи многу за Македонија и за македонскиот народ“, изјави Вујовиќ.