Велковски: Тешко е да се замени Лазаров

Репрезентацијата на Македонија со висок пораз 20-31 од селекцијата на Данска ги заврши настапите на ЕП во Вараждин.

По фанстастичната прва фаза во која завршивме на првата позиција со одлични три бодови, во групата 1 во Вараждин одигравме дијаметрално спротивно каде запишавме три порази на нашето конто. Голем хендикеп за црвено-жолтите беше повредата на Кире Лазаров па практично цела втора фаза Македонија не можеше да смета на услугите на капитенот.

Шанса на десната бековска позиција доби младиот Мартин Велковски кој се обиде колку може да ја пополни оваа позиција.

” Во натпреварите од втората фаза шанса добија помладите. Функциониравме добро и со Чешка и првото полувреме со Данска. Во вториот дел примивме доста лесни голови од контранапади и бевме високо поразени. Се надевам дека не разочаравме.”

Велковски во иднина треба да го замени големиот Лазаров на позицијата десен бек, што воопшто нема да биде лесно.

” Тешко е да се замени Лазаров. Сите очекуваат по 10 голови од таа позиција. Се надевам дека за пар години, со добра работа, ќе бидам барем дел од тоа што е Кире Лазаров”- заврши Велковски.