Велковски: Проблемот е во нас!

Металург загуби од Стеауа Букурешт со 28-29 во натпревар од 8. коло во регионалната СЕХА лига, а капитенот на тимот од Автокоманда, Мартин Велковски, вели дека проблемот сепак е во нивните редови.

„Честитки за Стеауа. одиграа добар натпревар. Мислам дека проблемот беше во нас. Лошо отворивме во првиот дел со реализацијата на зицерите. Во второ полувреме исто така имавме лош старт, сепак се вративме, но кога беше најджпотребно, не успеавме да погодиме. Ќе беше многу убаво ако го добиевме овој меч и да врзиме три победи во серија“, изјави Велковски.

Следен предизвик за Металург ќе биде натпревар од Лигата на шампионите против португалскиот првак Спортинг Лисабон.