Величенствен крај на СЕХА: Шампионите на тронот како што им доликува (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар ја дочека шансата и од втора успеа пред своја публика да се израдува на титулата во СЕХА лигата. Во Скопје се славеше за сработеното во текот на целата сезона, а првото место беше оправдано со триумф во финалето.

Шампионите на СЕХА имаа величенствено крунисување и ова беше голем спектакл така што после солзите вчера кај девојките на Вардар кои се простуваа со СЦ „Јане Сандански“ и со публиката сега следуваше величенствен момент во кој херои беа момците од машкиот тим.

Како изгледаше прогласувањето на најдобрите во СЕХА лигата за 2018 година можете да погледнете од фотографиите во продолжение.