Велешани немоќни без искусните: Прилеп го доби двобојот со Борец

Двата тима коишто беа во неизвесност околу нивното натамошно играње во Супер лигата ги одмерија силите во Прилеп, а домашниот состав успеа да се избори за трите бода.

Помогнати од неколку од поискусните играчи кои ги немаше во Скопје на пресметката против Пролет, прилепчани успеаја да го совладаат Борец кој немаше помош од поискусните ракометари. Тие не беа на оваа средба со што не можеше да се наде решение за домашните.

Во Борец недостигаше и најдобриот стрелец Ивица Илиев, па ова беше голем минус во нападот на велешани иако го имаа расположениот Николов. Сепак, Прилеп успеа да го искористи домашниот терен така што дојде до важни бодови за натамошниот дел од сезоната.

Инаку, домашните беа во предност во поголемиот дел од средбата и не дозволија да имаат проблеми така што полека го носеа мечот кон крај и успеаја да слават со пет разлика кои беа повеќе од доволни за три бода.

ПРИЛЕП – БОРЕЦ            29:24 (15:12)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 200. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Јован Василев од Битола.

ПРИЛЕП: Јованоски, Ивчески, Ѓоргиески 4, Петкоски 1, Вешоски, Тренчевски 2, Спасески, Шокоски 2, Тодески, Бозароски 1, Рајатоски, Јанчев 9, Нешкоски 4, Јанески 6

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 4 мин.

БОРЕЦ: Белчовски, Рушков, Смилев, Ристов, Д. Јанков 4, Ристовски, В. Јанков 1, Органџиев 3, Николов 14, Солев, Билиќ, Мишев 1, Минов 1, Јордановски, Аврамовски, Крстовски.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.