Велешани в петок ќе маршираат за спас на ГРК Борец

Ситуацијата со екипата на ГРК Борец и понатаму тапка во место, па останува неизвесноста дали овој клуб ќе игра во новата сезона. Ракометарите остануваат под прашање околу тоа дали ќе добијат шанса и во следниот шампионат да се натпреваруваат во Супер лигата, а во последно време топката се префрлаше меѓу клубот и градот.

300x250

Навивачите ќе се потрудат да го спасат клубот и да му овозможат да дојде до враќање на реномето. Клубот е стар 68 години и затоа се прави сè за да може да продолжи со своето опстојување и да продолжи да се натпреварува во најсилната лига.

За да се помогне во спасувањето на клубот, навивачите се одлучија да ги повикаат сите велешани да се соберат. В петок од 19 часот ќе биде организиран марш низ градот.

„Почитувани пријатели, навивчаи, љубители на ракометот вие коишто живеете за БОРЕЦ ве повикуваме за гордоста на Велес, за гордоста на нашата држава, за нашиот Борец велешки. Сите да излеземе на мирен марш за спас на клубот, во нашиот мирен марш низ Велес да покажеме дека искрено го сакаме спортот. Да покажеме дека искрено го сакаме ракометот и да му овозможиме шанса што живот значи за нашиот Борец“, стои во соопштението објавено на Фејсбук страна на ГРК Борец.

Инаку маршот ќе почне во 19 часот од пред споменикот на Панко Брашнаров.