Веднаш се фати за работа: Дисингер го одржа првиот тренинг со Вардар

Во текот на вчерашниот ден во Скопје допатува германскиот интернационалец Кристијан Дисингер, набрзина се договори со македонскиот шампион Вардар, а денеска беше официјализира неговиот трансфер.

Тој веќе ги запозна новите соиграчи, го одржа првиот тренинг со „црвено-црниот“ тим и се запозна со условите во СЦ „Јане Сандански“. Нема да биде дел од ростерот за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против полскиот шампион Келце, но ќе има шанса за настап од шестото коло во најелитната конкуренција.

Вардар ќе го пријави и во СЕХА лигата, а таму следна обврска ќе биде гостувањето во Хрватска кај Загреб предводен од Лино Червар. Своето деби во дресот на македонскиот шампион, Дисингер би требало да го има на мечот против „плинарите“ на 16 октомври од 17:30 часот.