Вања Илиќ на крстопат меѓу Македонија и Шпанија

Македонскиот вицепрвак полека ја комплетира сликата за наредната сезона. Од Металург засега предвидено е да заминат Жарко Пешевски и Александар Гуглета, а неизвесна е судбината на левото крило Вања Илиќ, на кого му заврши договорот со составот од Автокоманда.

300x250

Српскиот репрезентативец имаше одлични партии во дресот на Металург, а  преку нова улога во Металург доби покана во националниот состав на Србија. Во Скопје ја игра својата трета сезона, а втора за составот од Автокоманда, но оваа можеби ќе биде и последна. Илиќ до петок треба да одлучи дали ќе ја прифати подадената рака од Металург и ќе потпише нов договор или ќе замина за Шпанија во составот на Лагроњо.

Финансиските детали се уште се кријат, но генерално условите во Автокоманда се подобри од оние во Шпанија, па одлуката ќе биде поврзана со менување на средината или враќање во старото јато. Илиќ дојде во Македонија од редовите на Партизан во сезоната 2015/2016, најпрво играше за скопскиот суперлигаш Работнички, а следната сезона потпиша за „сините“ од Автокоманда.