Вања Илиќ за 24 Ракомет ТВ: Раул ја „скоцка“ Македонија, има убави шанси на СП (ВИДЕО)

Ракометарот кој има настапувано во првенството на Македонија во дресот на Работнички и на Металург, Вања Илиќ е меѓу кандидатите за настап на Европското првенство во тимот на Србија. Тој има позитивни размислувања пред шампионатот, а за неговата селекција вели дека на ова првенство ќе оди чекор по чекор.

Со оглед на тоа што одлично ги познава ракометарите кои играат за Македонија добро знае и какви се шансите кои може нашите репрезентативци да ги имаат на Мундијалот.

„На Светското првенство може да одлучи само една топка на натпреварите. Ќе биде навистина возбудливо и неизвесно. Македонија е во силна група, а во тимот има склоп на искусни и млади играчи. Селекторот Раул Гонзалес успеа убаво да го ‘скоцка’ тимот и сметам дека Македонија има убави шанси на Светското првенство особено за да ја помине групата и да се пласира во втората фаза“, изјави Вања Илиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Вања Илиќ можете да ја проследите во видеото во продолжение.