Вардар ќе ја освојува и Барселона во одличната сезона

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Вардар денеска има тешко гостување во Шпанија каде што од 18 часот следува мечот од 11. коло. После завршувањето на паузата следува тежок дуел на кој „црвено-црните“ ќе мора да одговорат на големиот предизвик.

Вардар гостува во Барселона како единствениот непоразен тим сезонава. Тоа што сите играчи се подготвени е само голем плус за Раул Гонзалес кој ќе може да смета на комплетниот состав и ќе може да ги има сите момци во ростерот така што со најсилниот тим ќе се влезе во новата битка.

Барселона е единствениот тим кој успеа да го совлада Вардар на официјален меч сезонава и токму поради тоа ова ќе биде интересен натпревар. Секогаш е тешко да се игра на теренот на Каталонците и тука ретко кој може да се пофали дека успеал да ги однесе сите бодови. Токму поради тоа ова ќе биде голем предизвик.

Вардарци се во серија од 25 меча без пораз во сите натпреварувања и затоа ова ќе биде голем ден во кој ќе треба да се одговори на задачата. Раул сигурно има тактика со која ќе се направи обид за да се остане во победничкиот ритам односно да се продолжи со добрите игри и освојувањето на бодови. Сепак, тоа што најголемиот дел од повредените ракометари на Барселона се вратија и се во конкуренција за настап е само доказ дека нема да биде воопшто лесно.

Денеска може да се очекува одново играта со која Вардар ги нокаутираше сите свои ривали и во Скопје и на гостински терен, па затоа ќе биде интересно да се види како ќе функционираат работите. Јасно е дека Барселона е во мала предност дома, но сигурно и „црвено-црните“ имаат што да покажат.

Со оглед на тоа што Нант е на само три бода заостанување јасно е дека не смее да се згреши, па ќе мора да се одигра одлично и да се одработи на висина на задачата и на оваа средба.