Вардар Јуниор ја продолжи серијата, освои нови бодови

Ракометарите на Вардар Јуниор остварија нова победа, a во 10. коло од Супер машката лигата на домашен терен го совладаа Радовиш со 29:26.

Вардар Јуниор имаше одличен почеток на дуелот на кој отвори со 5:0. После проблемите во организација на нападот и техничките грешки, кон средината на полувремето Радовиш успеа да се врати во игра. Гостите стигнаа до израмнување и на одмор заминаа со 14:14.

Почетокот на вториот дел им припадна на гостите кои направија предност од три гола и успешно ја одржуваа. Вардар Јуниор заигра поквалитетно, ја анулираше негативата и успеа предността да ја врати во своја корист. Во неизвесната завршница подобро се снајдоа домашните ракометари и остварија голема победа.

Најефикасен во составот на Вардар Јуниор беше Кулуловски со осум гола, а по шест постигнаа Крстевски и Ќосевски. За екипата на Радовиш, Илиев постигна осум гола, но не успеа да реализира седмерец во одлучувачките моменти.

ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ  29:26 (14:14)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

Вардар Јуниор: Јанковски 4, Чакалиќ, Кукуловски 7, Гашовски 1, Јакимовски 1, Димевски, Андоновски, Анѓелковски, Стојановски, Анѓеловски, В.Крстевски 1, С.Крстевски 6, Атанасовски 1, Ќосевски 6, Кизиќ, Дука 1.

Седмерци: 3/6. Исклучувања: 12 мин.

Радовиш: Паунов, Стојановски 6, Јованов, Ѓоргивски 3, Долдуров, Ѓорѓиев, Постолов, Фенов, Ѓорѓиев, Органџиев 2, Николов 3, Ристов, Тушев, Илиев 8, Трајанов, Везенковски 4.

Седмерци: 5/7. Исклучувања: 12 мин.