Вардар Јуниор со лесни три против „фенерџијата“ Борец

Екипата на Вардар јуниор дојде до лесни три бода против младите ракометари на Борец и славеше со високи 37:16 во 17. коло од Супер машката лига.

Фаворитот на натпреварот рутински ја одработи задачата и не дозволи гостите од Велес да се надеваат на првите бодови во првенството. Од самиот почеток Вардар јуниор беше во водство, но гостите до финишот на првото полувреме успеваа да одржуваат активен резултат. Сепак, во последната третина од полувремето попуштија и на полувреме резултатот беше 16:10 предност за Вардар јуниор.

Во второто полувреме Борец целосно се „распадна“ во одбраната и прими 21 гол, а успеа да постигне само шест за нов убедлив пораз.

Предводник на победничката екипа беше Ален Ќосевски, кој постигна осум гола, а Мартин Карапалевски шестпати стрелаше прецизно. Во составот на Борец најмногу се истакна Лазар Стојанов со постигнати пет гола. Веќе е познато дека двете екипи ќе играат во плеј-аутот во Суперлигата и ќе се борат за опстанок.

ВАРДАР ЈУНИОР – БОРЕЦ          37:16 (16:10)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

ВАРДАР ЈУНИОР: Петковски, Ставровски, Јанковски 1, Чакалиќ 3, Нанов 1, Јакимовски 3, Постолов 1, Карапалевски 6, Ќосевски 8, К. Анѓелковски 1, Трајковски 5, Ј. Анѓелковски, Ѓоргиев 4, Атанасовски 2, Цветановски 2, Димов.

Седмерци: 2/2, Исклучувања:

БОРЕЦ: Митревски, Димов 1, Митушев, Стојанов 5, Мазнев 1, Атанасовски 3, Ристов 2, Кузмановски, Дамески 4, Ристевски, Мартинов.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 10 мин.