Вардар јуниор се радуваше во Прилеп

Вардар јуниор си замина со трите бода од гостувањето кај Прилеп откако одигра добар меч и успеа да го издржи притисокот од домашните кои полека влегуваат во форма со комплетно изменетиот состав.

300x250

Домашните водеа во неколку моменти во првото полувреме. Успеаја да наметнат своја игра и да се држат во предност. Сепак, откако стигнаа до 13:10 дојде до пад во играта и ова гостите го искористија за да влезат во серија и да го свртат резулатот во своја корист и на одмор да заминат со предност од 16:15.

Во второто полувреме Вардар постојано имаше контрола на резултатот. „Црвено-црните“ имаа најголемо водство од девет гола. Имаа 17:26, осум гола имаа при 20:28. Тука дојде до опуштање, но разликата беше превисока за да може Прилеп да се врати и да дојде до бодови на овој дуел.

ПРИЛЕП – ВАРДАР ЈУНИОР       28:32 (15:16)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 300. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Јово Василев од Битола.

ПРИЛЕП: Ангелески, Ивчески, Амзоски 5, Нешкоски 2, Алексоски, Илиески, Јанески 7, Сврпинов, Стојаноски 1, Галев, Шокоски 3, Симоноски, Крстески, Трајкоски, Тинтор 2, Тодески 8.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.

ВАРДАР ЈУНИОР: Н. Кизиќ, М. Кизиќ, Петковски, Димов 7, Чакалиќ, Крстевски 1, Анастасовски 2, Мишевски, Трајковски, Димитров, Трпчевски 11, Николовски, Димитровски 10, Кукуловски, Атанасовски, Цветаноски.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 18 мин.