Вардар јуниор се доближи до Куманово

Малите вардарки дојдоа до очекувана победа на гостувањето во Свети Николе и немаа никаков проблем за да го совладаат составот на Овче Поле Су. На оваа средба водеа во текот на целиот меч.

Во првиот дел домашните се држеа на мала негатива, а при отворањето на средбата имаа и предност или имаа нерешен резултат. Продолжението беше далеку подобро за гостинките кои откако направија разлика од пет гола постојано ја зголемуваа предноста за на крајот од средбата да имаат десет гола и конечни 33:23.

Со овие бодови Вардар јуниор дојде на бод од 4. позиција каде што во моментов е Куманово и на четири поени зад Пелистер. Овче Поле засега е на 7. место со седум поени.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР ЈУНИОР          23:33 (10:13)

Сала: Цар Самоил во Свети Николе. Гледачи: 150. Судии: Бобан Мајнов и Војо Христовски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Мишева, Димчева, Ристова, Далевска 2, Јанева, Павловска, Стојкова, Анчева 5, Вучевска 3, Стојанова 9, Манева 4, Тодорова

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР ЈУНИОР: Илиќ, Кицевска, Реџеп 1, А. Николовска 7, Карчева 1, Стефановска 1, Вељановска, Атанасова 1, Трпевска 8, Георгиевска 1, Диневска 3, Божиновска 4, Филиповска 1, Иванова 3, Николиќ, М. Николовска 2.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 14 мин.