Вардар јуниор направи чекор напред во битката за опстанок

Ракометарите на Вардар јуниор дојдоа до  важни три бода на дуелот против Прилеп, а со ова успеаја да се изборат за бегство од последната позиција на табелата во плеј-аут лигата.

Победата од 34:23 беше доволна за составот на Вардар јуниор да се израмни според бројот на бодовите со екипата на Борец, додека тимот на Прилеп падна на дното и ќе има тешка задача до крајот од сезоната.

Вардар јуниор тргна силно уште од првата минута. Покажа решителност и влезе максимално ангажирано во средбата, па постојано ја зголемуваше предноста. Гостите од Прилеп не успеаја да се снајдат најдобро така што на одмор имаа негатива од седум гола.

Во вториот дел домашните успеаја да ја задржат оваа предност, но и продолжија со убедливата игра, па брзо стигнаа до двоцифрена позитива која што ја одржаа до крајот на натпреварот.

ВАРДАР ЈУНИОР – ПРИЛЕП       34:23 (20:13)

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Гледачи: 150. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

ВАРДАР ЈУНИОР: Н. Кизиќ, М. Кизиќ, Петковски, Димов 4, Анѓелковски 1, Чакалиќ, Крстевски 2, Анастасовски 7, Мишевски 4, Димитров 2, Трпчевски 4, Николовски, Димитровски 5, Кукуловски 5, Атанасовски, Лазов

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 12 мин.

ПРИЛЕП: Ангелески, Амзоски 5, Нешкоски, Тодески 3, Јанески 1, Петкоски 2, Сврпинов 1, Орданоски, Крстески, Трајкоски 1, Симоноски, Бозароски 8, Илиески, Ангеловски 2, Ивчески.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 2 мин.