Вардар јуниор и Радовиш ги „искинаа“ мрежите во „Јане Сандански“

Екипите на Вардар јуниор и Радовиш ја имаа честа да го одиграт првиот меч од новата сезона во Супер машката лига и тоа во терминот кога се играше средбата меѓу Монпелје и Вардар. Мотивирани на стартот од сезонат ракометарите на двете екипи заборавија на одбраната и сето внимание го насочија на играта во нападот. Тргнаа решително од првиот напад, па на крајот имаше вкупно 79 гола.

300x250

Вардар јуниор славеше со 41:38 и тоа беше меч со максимална ефикасност, кој на полувреме донесе резултат од 21:21.

Средбата мина со ефикасна игра на двете страни, а неизвесноста траеше речиси до финишот од средбата. Така беше до 34:34 кога почна финишот на домашните.

Од овој резултат Вардар јуниор почна да го решава дуелот и тука дојде до моментот на одлука. Последните десет минути радовишани не успеаја да го следат темпото на вардарци и тука останаа без можност за бодови.

Сепак, остана фактот дека ова беше максимално ефикасен дуел преполн со интересни моменти и погодоци кои се редеа на двете страни.

ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ 41:38 (21:21)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 300. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ВАРДАР ЈУНИОР: Ставровски, Димов 3, Јанковски, Кукуловски 11, Постолов, Карапалевски 6, Атанасовски, Ќосевски, Николовски 1, Гашоски 2, Димитровски 5, Трајковски, Анѓеловски, Ѓорѓиев, Атанасовски 4, Крстевски 9.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 12 мин.

РАДОВИШ: Паунов, Мицев, Спасов, Томов, Бујиќ 2, Илиев 15, Долдуров 2, Ѓорѓиев 1, Димов, Симиќ 9, Ристов, Лазаревски 8, Трајанов 1.

Седмерци: 8/8, Исклучувања: 4 мин.