Вардар убедлив против Гевгелија

Екипата на Вардар ја продолжи својата серија на победи во Женската лига. Гевгелија беше екипата која не успеа да се носи со вардарки и загуби со убедливи 31-22 на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“.

Вардар уште од самиот старт покажа дека има посилен карактер кој ќе го носи во победа. Самиот триумф домаќинките успеаја да го обезбедат уште во првиот дел во кој направија предност од пет погодоци, 17-12.

До крајот на мечот оваа предност вардарки само ја зголемија победувајќи ги своите противнички со девет голови разлика, 31-22. Најефикасна во победата на Вардар беше Милица Николиќ која постигна пет голови, а Диневска даде четири.

Кај гостинките голем, но недоволен беше придонесот на искусното лево крило Драгица Митрова која погоди осум пати. 

ВАРДАР – ГЕВГЕЛИЈА (31:22)

Сала: СЦ „Јане Сандански“. Гледачи: 180. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска. Делегат: Ацо Николовски.

Вардар: Гоцевска 1, Божиновска 1, Грујовска, Џатевска, Ангеловска 1, Илиќ, Трпевска 3, Гроздановска 3, Костовиќ 2, Диневска 4, Седлоска 3, Коларовска 1, Петковска 3, Дамјановска, Николиќ 5, Миновска 4.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 2 мин.

Гевгелија: Каранфиловска, Анчева 7, Мандалова, Љупова, Попова, Асановиќ, Митревска 1, Чурлинова, Димова, Шутева 3, Горковска, Карајанова, Стојанова 3, Попова, Танева, Митрова 8.