Вардар со нов танц во Лигата на шампионите и убедлив триумф (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женскиот тим на Вардар продолжи со победите во Лигата на шампионите и стигна до деветтиот триумф сезонава во ова натпреварување со што остана единствениот непоразен состав сезонава. Вардарки денеска го надиграа Будуќност и го совладаа со 31:24.

Во текот на целата средба Вардар беше во предност и немаше никаков проблем за да се обезбеди триумф така што ова беше потврда на квалитетот на дело.

Прв стрелец беше Андреа Пенезиќ со осум гола, по четири имаа Кузнецова и Цвијиќ, додека со по три гола завршија Радичевиќ и Чанаџија. Лејно имаше 15 одбрани.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”random” special_effect=”none” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”281″]