Вардар со минимален пораз од Лајпциг го финишираше Хајде купот

После вчерашната победа и одлична игра против Фуксе Берлин, денеска ракометарите на Вардар одиграа меч против Лајпциг на кој беа во променлива форма. Одработија добро во второто полуме и тоа во завршните 15 минути, додека во другиот дел беа постојано со осцилации.

Вардар загуби со минимални 26:27, откако во завршницата од средбата успеа да се врати после негатива од шест гола, но ова беше средба на која „црвено-црните“ не беа на нивото кое го има на вчерашниот дуел.

Парондо овој пат одлучи да ја игра средбата со 8-9 играчи и да има само малку замени така што во најголемиот дел на теренот беше иста постава.

Средбата тргна добро и се играше гол за гол до средината на првото полувреме, кога Лајпциг успеа да наметне посилно темпо и да дојде до плус три на одмор, 8:11.

Во вториот дел ситуацијата беше уште полоша за ракометарите на Вардар бидејќи во 45. минута резултатот беше 14:21. Сепак, од тој момент дојде нешто поангажирана игра. Предноста полека се топеше, а во последните десет минути Вардар успеа да дојде до негатива од еден гол. Меѓутоа немаше време за целосен пресврт, па вардарци завршија со пораз од 26:27 што значи дека го освоија 4. место на турнирот.

ВАРДАР: Милосављев (6 одб., 1 сед.), Дибиров 8, Кристопанс 3, Борозан 4, Скубе 4, Стоилов 3, Мораеш 2, Горбок 2.