Вардар со една екипа во новата сезона

Денеска е последен ден за пријавување на екипите коишто планираат да се натпреваруваат во новата сезона, а веќе в петок ќе бидат извлечени стартните броеви по што ќе биде познато и како ќе изгледа распоредот за целиот шампионат.

Во новата сезона во Женската лига според досегашните пријави ќе има девет екипи, но меѓу нив има само еден состав на Вардар. Годинава не е пријавен Вардар јуниор, што значи дека квалитетот ќе се концентрира само во еден тим.

Ждрепката за новата сезона ќе биде в петок од 11 часот, кога ќе биде и Конференцијата на клубови од Супер машката лига и за женската лига.