Вардар слободен на стартот на силниот турнир во Франција

Денеска во Стразбург во Франција стартува турнир на кој ќе има шест исклучително силни екипи. Се очекува да има големо надигрување од страна на сите екипи кои ќе земат учество, а секој натпревар практично ќе биде дерби.

Вардар е во група со ПСЖ и Мешков Брест, а денеска ќе биде слободен и ќе го очекува својот противник во текот на утрешниот ден кога игра против ПСЖ на Раул Гонзалес.

За денеска програмата нуди две интересни средби. На првата ПСЖ ќе се соочи со Мешков Брест, додека во втората Кире Лазаров и Нант за противник го имаат актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Монпелје.

Ова ќе биде само прв ден од четирите кои ќе донесат возбудувања, а ќе има што да се види во текот на сите денови.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК, 23 АВГУСТ

18:15ч

ПСЖ – Мешков Брест

20:30ч

Нант – Монпелје

ПЕТОК, 24 АВГУСТ

18:15ч

Нант – Веспрем

20:30ч

ПСЖ – Вардар

САБОТА, 25 АВГУСТ

18:15ч

Вардар – Мешков Брест

20:30ч

Монпелје – Веспрем