Вардар си најде спаринг за тест пред Супер глоуб

Ракометарите на Вардар се вратија од подготовките во Требиње каде што го освоија првото место на турнирот кој беше организиран, а сега им останува само да се подготват за Супер Глоуб турнирот каде што ќе се борат за трофејот со Барселона, Кил…

За да може да се крене формата и да се дојде до посакуваното ниво ќе мора да одиграат уште барем две контролни средби, а веќе се пронајдени ривали со кои ќе се игра пред ова натпреварување.

Две од екипите кои од денеска стартуваат со игрите на Струшкиот турнир ќе бидат противници на „црвено-црните“. Вардар ќе ги одмери силите со екипите на Еурофарм Работник и на Аек и ова ќе биде генералка пред заминувањето за Дамам во Саудиска Арабија.

Инаку, ракометарите после завршувањето на подготовките во Требиње добија неколку дена за одмор, по што се враќаат на тренинзите. Воедно веќе од петок салата СЦ „Јане Сандански“ е слободна бидејќи натпревари од Мундијалот во оваа сала ќе се играат уште денеска и утре.