Вардар против Целје ќе ја продолжува перфектната серија во СЕХА-лигата

Екипата на Вардар која е лидер во СЕХА-лигата со 12 победи и едно реми на досегашните 13 средби денеска од 20:45 часот го игра мечот против Целје на кој се очекува да ја продолжи одличната серија.

300x250

Сите работи се насочени кон нова победа на „црвено-црните“, кои играат одлично и кои засега немаат вистинска конкуренција во регионалното натпреварување. Тоа што серијата од 25 победи во сите натпреварувања беше запрена во Барселона со минималниот пораз од 28:29 нема да остави трага туку ќе продолжат надигрувањата во кои Вардар сигурно ќе има што да покаже.

Целје не е тим од кој треба да се стравува туку тоа е состав против кој Вардар влегува како фаворит. Фактот што тимот од Словенија игра брзо и секогаш се обидува со брз центар да ја разбие одбраната на противникот нема да биде никаков проблем денеска бидејќи Вардар веќе покажа дека има противигра.

Како течат работите за очекување е денеска Вардар без проблеми да се избори за нови три бода и само да ја зацврсти првата позиција. Очигледно е дека нема вистинска конкуренција, но ќе мора тоа да се потврди и на теренот.

Дефинитивно Вардар оди кон нова победа и потребно е само да се одработи уште еднаш на врвно ниво и во одлична атмосфера да се дочека пресметката против ПИК Сегед од Лигата на шампионите која се игра следната недела во Скопје.