Вардар против Унгарија во април

Селекторот на Русија Едуард Кокшаров, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за двомечот против Унгарија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Кокшаров одбра 18 ракометари, а од нив ќе има на располагање 16 за средбите кои ќе се играат на 11 април во Астрахан, како и на 14 април во Ерд.

На списокот се наоѓаат и петмина вардарци – Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Дмитри Кисељов, Данил Шишкарев и Глеб Калараш.

Доколку се остварат најавите за доаѓањето во Скопје на Дмитри Санталов и Максим Михалин, кои и лани беа споменувани во комбинациите, како и најновата шпекулација, која го поврзува и Александар Котов со Вардар, тогаш половина од руската селекција ќе доаѓа од македонскиот првак.

На списокот ги нема повредените Шкурински и Атман, ниту поранешниот вардарец Александар Деревен.