Вардар против Нексе ја затвора својата сезона во групната фаза од СЕХА

Ракометарите на Вардар денеска од 17:45 часот се соочуваат со екипата на Нексе во рамки на СЕХА-лигата, а на тој дуел се очекува да биде продолжена серијата која што беше почната уште од стартот на сезоната.

Во овој шампионат „црвено-црните“ досега забележаа 16 победи и едно реми, а првото место го обезбедија многу порано од очекувањата. Тие се зацврстија на врвот на табелата така што денешниот меч им е само за доработување на задачата од стартот на сезоната.

Вардарци имаат одличен биланс уште од стартот на шампионатот така што во ниту еден момент немаа поголеми проблеми за да дојдат до посакуваното. И денеска во ситуација кога сè е решено влегуваат во мечот со улога на фаворити така што е сосема извесно дека на овој натпревар мотивот ќе дојде од друга страна односно од тоа да се победи и да се остане без пораз во сезоната и со рекорд.

Нексе нема друг мотив освен да одигра најдобро што може против актуелниот првак во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите, па затоа овој дуел ќе биде само формалност и за завршување на сезоната на „црвено-црните“.