Вардар против Нант бега од дното во Стразбур

После одличниот натпревар против тимот на ПСЖ, ракометарите на Вардар потфрлија на двобојот со Мешков Брест и загубија со високи десет гола разлика, 22:32.

Овој дуел го однесе Вардар во битката за 5. место, а таму ќе се соочи со тимот на Нант, па ова ќе биде интересен двобој меѓу Кире Лазаров и вардарци.

Со оглед на тоа што Нант имаше ден одмор пред средбите за пласман, па затоа може да се очекува денеска да има интересен меч во кој вардарци ќе имаат навистина тешка задача.

Инаку, максимално интересно ќе биде и на другите средби за пласман бидејќи се очекува израмнета битка и меѓу Мешков Брест и Веспрем на Дејан Манасков, како и потоа во финалето меѓу ПСЖ на Раул Гонзалес и актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Монпелје.

ЕУРО ТУРНИР – СТРАЗБУР, РЕЗУЛТАТИ

ЧЕТВРТОК, 23 АВГУСТ

ПСЖ – Мешков Брест          35:29

Нант – Монпелје       27:31

ПЕТОК, 24 АВГУСТ

Нант – Веспрем         24:28

ПСЖ – Вардар           33:33

САБОТА, 25 АВГУСТ

Вардар – Мешков Брест     22:32

Монпелје – Веспрем      30:26

НЕДЕЛА, 26 АВГУСТ – НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

13:00ч – 5. МЕСТО

ВАРДАР – НАНТ

15:00ч – 3. МЕСТО

МЕШКОВ БРЕСТ – ВЕСПРЕМ

17:00ч – ФИНАЛЕ

ПСЖ – МОНПЕЛЈЕ