Вардар прелесно се откажа од него, а сега е меѓу најдобрите на младинскиот Мундијал!

Денеска на програмата е петтото и последно коло од групната фаза на Мундијалот за младинци што се одржува во Шпанија. Европскиот првак Словенија турка одлично и по четири меча има четири победи пред соочувањето вечерва со домаќинот на турнирот.

Еден од најдобрите поединци во словенечката репрезентација е бекот Грегор Оцвирк, кој неполна полусезона беше член на Вардар. Тој беше клучен фактор во победата на Словенија над Србија со 30-28 и постигна дури 11 голови!

Сега Словенците се најмалку втори во групата, но и тоа нема да биде некоја олеснувачка задача, со оглед на тоа што може да вкрстат со Франција, Шведска или Египет.

„Црвено-црниот“ тим го донесе Оцвирк на почетокот на минатата сезона како најдобар стрелец на младинското ЕП лани, но Парондо не му даваше голема шанса, а Оцвирк имаше несогласувања и со спортскиот директор Едуард Кокшаров, па разделбата беше неминовна.