Вардар пред првиот сериозен тест во СЕХА: Во „Кале“ против Металург

Пред првиот натпревар на домашен терен, екипата на Вардар ја одржа првата прес-конференција во новата СЕХА сезона. Противникот добро познат, како одлична увертира за она што претстои во продолжение на сезоната. Вардар и Металург на „Кале“ ќе се соочат по втор пат за овие месец дена, откако во финалето на „Струга 2014“ македонскиот шампион го совлада тимот на „црвено-црните“. Овојпат влогот е поинаков, по „пријателското“ финале во Струга, македонските ривали за прв пат ќе се сретнат на официјален натпревар, во СЕХА лигата.

300x250

Пред натпреварот расположението во таборот на „вардарци“ е на одлично ниво, со желба за победа, но претпазливи бидејќи сеуште не се влезени во натпреварувачка форма.

DSC_1136

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, како и секогаш умерен во своите изјави, потенцираше дека е битно да се победи за самодоверба на ракометарите во продложение на сезоната.

Многу важен меч за нас, доколку сакаме да направиме нешто во СЕХА мора да победуваме на ваквите натпревари. Почетокот е многу важен за успешна сезона затоа мораме да победуваме уште на почеток.

DSC_1135

Капитенот на „црвено-црните“, Филип Лазаров потенцираше дека екипата е далеку поквалитетна од минатата сезона на индивидуално ниво, желбата за победа во саботното дерби е огромна, единствено воиграноста би можела да спречи  позитивен резултат на натпреварот.

Почеток е на сезоната, екипите сеуште се во подготвителна фаза и не го прикажуваат најдоброто. За нас на прво место е Лигата на Шампиони, а потоа СЕХА лигата која ќе ја искористиме за воигрување. Одиме на победа во сабота мислам дека сме поквалитетни, можеме да се прогласиме за фаворити на домашен терен против сите европски екипи, па така и против Металург. Имаме квалитетни играчи и сметам дека сме поквалитетни од минатата година.

Натпреварот ќе се одигра во сабота (06.09.2014) со почеток во 20:15 часот, .