Вардар по бајката на Киелце: „Црвено-црните“ во полуфинале против Кире и Барселона

Точно во 13 часот од Стеигенбергер хотелот во Келн светот ги дозна полуфиналните парови во Лигата на шампионите. Во присуство на угледни гости предводени од градоначалничката на Келн, Хериет Рекер и претседателот на ЕХФ, Михаил Видерер, организаторот преку ждрепка ги одреди полуфиналните двојки. Вардар, Веспрем, ПСЖ и Барслелона ќе се борат за врвот на ракометната елита.

Немаше привилегирани, немаше фаворити, само еден сад и четири топчиња кои ќе ја одредат судбината на најдобрите ракометни екипи во светот. Вардар во првото историско полуфинале во Лигата на шампионите ќе се сретне со составот на Барселона против составот на Ристовски и Лазаров.

„Црвено-црните“ се надеваат дека во својот премиерен настап ќе завршат на славеничкиот подиум, во тоа успеа Фленсбург пред четири години. Актеулен победник во елитното натпреварување е составот на полски Виве Таурон Киелце, екипата која важеше за аутсајдер покрај ракометните гигнати кои настапија во Келн.

ДВОЈКИ

3 јуни, Ленксес Арена,
Келн, Германија

Прво полуфинале

ПСЖ- Веспрем

Второ полуфинале

Вардар-Барселона

Полуфиналните натпревари во Ленксес Арената се закажани за 03.06.2017 со почеток од 15:15 односно 18:00. Точната саатница кога македонскиот првак ќе го одигра својот прв натпревар во Келн ќе биде познат дополнително.