Вардар Неготино за едно полувреме го реши Спартак

Ракометарите на Вардар Неготино триумфираа на гостувањето кај составот на Спартак во Кисела Вода со 24:36, во натпревар од 8 коло во Првата Лига. Иако во првиот дел гостите водеа и со 4 голови разлика, сепак на пауза беше само нерешено, 14:14.

300x250

Во вториот дел дојде до израз тенката клупа на Спартак и домашните дадоа само 10, а примија 22 голови. Неготинци, кои се спој на младост и искуство, константно го зголемуваа водството и ги користеа сите грешки на домашните ракометари. На крајот, славеа повеќе од убедливо, 24:36.

Предводници на нападот на Вардар Неготино беа Лазар Арсов со 9, Ристе Трајковски даде 7, додека по 6 пати стрелаа Димитар Коцев и Драган Кузманов. Кај Спартак, стандардно, Михаил Брзанов беше најдобар со 9 голови, додека 5 постигна Бојан Манев.