Вардар на средина од септември гостува кај Монпелје

Откако распоредот на средбите кои Вардар ќе ги одигра во групната фаза од Лигата на шампионите стана познат уште при ждрепката, сега од ЕХФ веќе ги објавија и термините во кои тие дуели ќе се играат.

300x250

И досега се знаеја овие термини, но сега се дефинитивни и веќе може да се планираат дуелите во кои ќе се гледаат натпревари од Лигата на шампионите во новата сезона.

Како што веќе се знае сезоната стартува во Франција, кај актуелниот освојувач на Лигата на шампионите Монпелје, а тоа ќе биде во периодот од 12 до 16 септември. Првиот меч дома Вардар ќе го одигра од 19 до 23 септември, додека крајот на групната фаза ќе биде од 27 февруари до 3 март, а во Скопје ќе гостува Монпелје.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

12-16.09.2018

Монпелје – Вардар

19-23.09.2018

Вардар – Кристијанштад

26-30.09.2018

Веспрем – Вардар

03-07.10.2018

Вардар – Рајн Некар

10-14.10.2018

Келце – Вардар

03-04.11.2018

Вардар – Мешков Брест

07-11.11.2018

Вардар – Барселона

14-18.11.2018

Барселона – Вардар

21-25.11.2018

Мешков Брест – Вардар

28.11.-02.12.2018

Вардар – Келце

06-10.02.2019

Рајн Некар – Вардар

13-17.02.2019

Вардар – Веспрем

20-24.02.2019

Кристијанштад – Вардар

27.02.-03.03.2019

Вардар – Монпелје