Вардар на првите пет средби, четирипати домаќин во СЕХА

Ракометарите на Вардар место да бидат гости утре во 1. коло од СЕХА-лигата ќе играат на свој терен против Металург и ќе бидат домаќини. Ова значи дека во првите пет кола дури четирипати ќе играат пред своја публика.

300x250

До ваквиот распоред дојде после договор на двете екипи, па Вардар ќе му гостува на Металург во 10. коло. Тоа сигурно нема да смени ништо, но јасно е дека ќе биде максимално интересно на теренот.

Инаку, во Скопје во септември ќе гостуваат Железничар и Стеауа, а на почетокот на октомври и Војводина, додека единственото гостување во овој период е во Прешов на 9 септември. Групната фаза од сезоната Вардар ќе ја заврши во Хрватска и БиХ каде во три дена во март ќе биде гост на екипите на Нексе и Извиѓач.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

29 АВГУСТ 2018 (20:45ч)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ

4 СЕПТЕМВРИ 2018 (20:15ч)

ВАРДАР – ЖЕЛЕЗНИЧАР

9 СЕПТЕМВРИ 2018 (17:35ч)

ТАТРАН ПРЕШОВ – ВАРДАР

18 СЕПТЕМВРИ 2018 (20:15ч)

ВАРДАР – СТЕАУА

2 ОКТОМВРИ 2018

ВАРДАР – ВОЈВОДИНА

16 ОКТОМВРИ 2018

ППД ЗАГРЕБ – ВАРДАР

30 ОКТОМВРИ 2018

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР

6 НОЕМВРИ 2018

ВАРДАР – НЕКСЕ

27 НОЕМВРИ 2018

ВАРДАР – ИЗВИЃАЧ

5 ДЕКЕМВРИ 2018

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР

8 ДЕКЕМВРИ 2018

ЖЕЛЕЗНИЧАР – ВАРДАР

12 ДЕКЕМВРИ 2018

ВАРДАР – ТАТРАН ПРЕШОВ

18 ДЕКЕМВРИ 2018

СТЕАУА – ВАРДАР

3 ФЕВРУАРИ 2019

ВОЈВОДИНА – ВАРДАР

19 ФЕВРУАРИ 2019

ВАРДАР – ППД ЗАГРЕБ

5 МАРТ 2019

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ

10 МАРТ 2019

НЕКСЕ – ВАРДАР

12 МАРТ 2019

ИЗВИЃАЧ – ВАРДАР