Вардар најде замена за Штербик, ем брани, ем шутира (ФОТО)

Натпреварот меѓу Вардар и Пролет значеше и одбрана на титулата на „црвено-црните“ во првенството, а тоа беше 12. круна на актуелниот првак на Македонија.

Сепак, најинтересниот момент дојде после завршувањето на средбата кога на линијата од седум метри застана директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски кој покажа дека има солидни познавања од ракометната игра.

Прво се покажа во улога на пеналџија, а потоа застана и на голот и одлично успеа да се снајде со оглед на тоа што беше во одело.