Вардар и Металург денеска ги добиваат ривалите во Лигата на шампионите

Денешниот ден е исклучително важен за екипите на Вардар и на Металург бидејќи ќе бидат одредени групите во кои ќе играаат во следната сезона од Лигата на шампионите.

300x250

Двата претставника од Македонија влагаат во новиот шампионат како носители и ќе имаат интересни ривали, а јасно е дека во групите А и Б ќе има полудиригирирана ждрепка бидејќи дел од екипите нема да можат да се сретнат меѓусебе.

Тоа се однесува за тимови од иста земја кои нема да бидет во иста група. Оттаму ќе биде многу важно како ќе тече ждрепката, па ќе има што да се види. Единствено Нант ќе мора против еден тим од својата земја бидејќи годинава Франција е земјата со три екипи во групите А и Б.

Ждрепката стартува од 12:30 часот.

ГРУПИ А И Б

  1. ШЕШИР: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција)
  2. ШЕШИР: Келце (Полска), Пик Сегед (Унгарија)
  3. ШЕШИР: Флензбург (Германија), Барселона (Шпанија)
  4. ШЕШИР: Скјерн (Данска), Мешков Брест (Белорусија)
  5. ШЕШИР: ППД Загреб (Хрватска), Веспрем (Унгарија)
  6. ШЕШИР: Мотор Запорожје (Украина), Монпелје (Франција)
  7. ШЕШИР: Кристијанштад (Шведска), Целје (Словенија)
  8. ШЕШИР: Рајн Некар (Германија), Нант (Франција)

ГРУПИ Ц И Д

  1. ШЕШИР: Металург (Македонија), Висла Плоцк (Полска)
  2. ШЕШИР: Адемар Леон (Шпанија), Бјерингбро (Данска)
  3. ШЕШИР: Спортинг (Португалија), Елверум (Норвешка)
  4. ШЕШИР: Бешикташ (Турција), Вакер Тун (Швајцарија)
  5. ШЕШИР: Чех. медведи (Русија), Динамо Букурешт (Романија)
  6. ШЕШИР: Татран Прешов (Словачка), Рихимаен Кокс (Финска)