Вардар и денеска против Германци на Хајде купот

После вчерашниот пораз од составот на Хамбург ракометарите на Вардар се најдоа на дуел со уште потежок противник. Вардарци за ривал го добија составот на Фуксе Берлин, а против овој тим ќе биде навистина потешко да се дојде до победа за утре да се игра за подобро место во конечниот пласман.

Новата екипа на Мијајло Марсениќ покажа солидно ниво на стартот против составот на Кристијанштад така што денеска ќе биде уште потешко за Вардар.

„Црвено-црните“ вчера не можеа да сметаат на услугите на Игор Карачиќ и тоа се одрази и на играта особено во нападот. Оттаму денеска Парондо ќе мора да проба нешто ново за да се дојде до посакуваното ниво.

ХАЈДЕ-КУП 2018

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

12:15ч

МОНПЕЛЈЕ – КРИСТИЈАНШТАД

14:45ч

ФУКСЕ БЕРЛИН – ВАРДАР

17:30ч

ХАМБУРГ – ЛАЈПЦИГ