Вардар има три екстра голмани: Даниел Ѓорѓески ги „излуде“ играчите на Војводина (ВИДЕО)

На средбата меѓу Вардар и Војводина голманот Даниел Ѓорѓески доби 60 минути и одигра одлична средба. Доминираше во текот на целата средба така што не дозволи противникот да се размавне.

Уште во првите 30 минути имаше десет интервенции, а во вториот дел додаде уште осум. Една од овие одбрани заврши како најдобра одбрана на средбата и сигурно ќе биде вклучена во топ 5 изборот одбрани на колото.

Со ова Даниел само потврди дека се работи за одличен „чувар на мрежата“.