Вардар има иднина: Деби настап и деби гол во само неколку минути за Мишевски (ВИДЕО)

Меѓу дебитантите на средбата меѓу Вардар и Металург беше и младинскиот репрезентативец, Марко Мишевски кој влезе на терен во финишот од натпреварот. Тој доби шанса во завршницата и успеа да постигне еден гол.

Ова беше одлична можност за младиот бек на „црвено-црните“, пред кого е убава перспектива и од кого се очекува во иднина да добива сè повеќе шанса, а секако тоа ќе зависи и од неговото напредување.

За Мишевски дуелот против Металург ќе остане забележан засекогаш така што ќе има по што да го памети овој натпревар и секако по убавиот погодок, кој ќе можете да го видите во видеото во продолжение.