Вардар е хит на септември, но го има и промашувањето на месецот (ВИДЕО)

Екипата на Вардар е хит на стартот на сезоната, а ова особено го покажа во септември кога имаше три победи. Во септември ги совлада Монпелје, Кристијанштад и Веспрем, а во Унгарија победата беше забележана со 27:25.

На оваа средба имаше одлични потези во текот на сите 60 минути, се работеше одлично во текот на целата средба, но имаше и интересни моменти кои останаа одбележани.

Еден од тие моменти кои беа во центарот на вниманието е акцијата во која пивотот Калараш не успеа да го погоди празниот гол на Веспрем. Во моменти кога Штербик беше на клупата дојде до пресекување на акцијата и Борозан тргна во напад. Реши да додаде до Калараш кој немаше чист простор за да упати удар, па место во празниот гол биеше над голот.

Како изгледаше оваа акција можете да видите во следниот ЛИНК.